19 Декември, 2025
0.0482

Рама за уапсените косовски специјалци: Од вчера 100 отсто сме фокусирани на нивното ослободување

Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2023 17:23

Добивај вести на Viber

Целосно сум фокусиран на ослободувањето на косовските полицајци, деескалацијата останува приоритет, вели  aлбанскиот премиер Еди Рама. 

Рама попладнево повторно реагираше поради апсењето на тројцата косовски полицајци, истакнувајќи дека КФОР нема да излезе со јавни заклучоци за локацијата на тројцата косовски полицајци, јави АТА.

„И покрај различните тврдења за локацијата, тие мора да се вратат дома што е можно поскоро. Од вчера 100 отсто сме фокусирани на нивното ослободување“, потенцира Рама.

Албанскиот премиер вели дека „нема паралела меѓу тројцата полицајци и лицето со криминално досие, уапсено од косовската полиција на северот“.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај претходно случајот со косовските полицајци го оцени како сериозен провокативен чин „кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион“.

Инаку, како што кажа српскиот претседател, Александар Вучиќ, полицајците тврделе дека береле печурки во централна Србија. 

Пратеничката на движењето „Самоопределување“, Фиторе Пацоли, смета дека одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да ја откаже седницата на двете влади е голема грешка, пренесува Коха. Вели дека Албанија не е со нив кога е потребно. 

foto facebook

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен