Рамадани за Албанската декларација - Недостасува попис, некои работи се одлични, дел се промашени
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017 13:55
Активистот и аналитичар Рамадан Рамадани даде своја лична оценка за Албанската декларација донесена од ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците која ќе биде исправена пред македонските партии во водењето на преговори за формирање на новата влада со сите можни барања кои ги засегаат Албанците во Македонија. Според Рамадани дел од барањата се одлични и треба да допринесат за поголема дебата во македонското општество, други пак се промашени или лошо формулирани.
- Ја подржувам заедничката декларација на ДУИ и двете коалиции на партии. Подолу ќе наведам неколку нешта во неа кои никако не ги подржувам, делови кои посебно ми се допаѓаат и нешта што фалат и кои се надевам дека ќе ги има во посебните преговори за влада кои сепак, секоја партија и коалиција ќе ги води засебно со мандатарот или мандатарите.
Прво една назнака дека секој кој во ова гледа само етничка хегемонизација нека ја прочита убаво со сите општи работи како владеење на право, евроинтеграции, редецентрализација и посебно двете разграничувања на оваа декларација со тоа дека е за неколку мандата и во согласност со закони и устав на РМ.
Дислајк: Моментот е ужасно промашен на празничен ден за сограѓани кон кои требало со посебна грижа да се обзнани ова декларација.
Владеењето на право со се Прибе, СЈО требаше да биде погоре. Не може да исправиш држава која ја нема, вака изгледа како расправа за купеа и седишта во воз кој излетал од шини.
Неспомнувањето на претежно македонските политички коалиции со кои сепак ќе треба сето ова да се направи.
Непостоењето на барање за специјално суд или судско оделение со кое барем малку ќе се оправдаше тотално непотребната посета во Косово. Вака барем ќе можеше да се каже па ете таму ќе има СС и добро е за државата.
Лајк за активно учество во добрососедски односи името и симболите на државата. Химната и грбот останале уште од ОРД иако досега неспомнати се заборавија како тема. Упорното наметнување на прашањето за името и како прашање на идентитетот на државата донесе до ова да за идентитетот на државата треба сите да се прашат.
Лајк и за културните установи на централно и локално ниво, посебно зошто децентрализацијата во културата никако не се направи.
Лајк и за контрола на распределба за општини и региони што е нешто што сите треба да го подржат оти да не заборавиме дека непропорционални милиони на два мандата отидоа само во една општина без никаков критериум.
Резолуцијата треба но временската рамка е тотален промашај, политички немаше Македонија пред 1944.
Исто и опфатот треба да се преиначи и да бидат опфатени и македонци и турци од првите години на воспоставување на комунистичката власт во Македонија зошто и тие доживеале налик геноцидни дејанија како и албанците.
Ужасно недостигаат Пописот и преиспитувањето на трите претежно криминално водени процеси во МК од кои им беше нанесена неправда на албанците и на другите: денационализација, приватизација и лустрација, напиша Рамадани на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




