24 Ноември, 2024
0.0279

„РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Е ЗА ТОА КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ДРЖАВАТА, А НЕ ДОГОВОР ЗА ЕДНА ПАРТИЈА ДА ОПСТОИ НА ВЛАСТ“: Меџити за одвоената прослава на ДУИ

Објавено во: Македонија 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

 Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, коментирајќи ја „паралелната прослава“ на ДУИ за годишнината од Рамковниот договор што се одржува напладне денеска, пред закажаната свечена седница на Владата по овој повод.

Според Меџити, Рамковниот бил  договор како ќе функционира државата, „а не договор како ќе опстои постојано на власт една политичка партија“.

Прашан за коментар по панел-дискусија посветена на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити оцени дека  за ДУИ било карактеристично кога биле на власт „да го девалвираат Рамковниот договор со концерти и организирање надвор од институциите“. 

-И овојпат кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови, додаде Меџити.

На прашање во врска со најави за можна дестабилизација од страна на партијата на Али Ахмети, Меџити одговори дека тие немаат „кауза за демонстрации и протести“ и оти не можат да се навикнат да бидат опозиција по 20 години на власт. 

-Точно е дека има муабети и кога седнуваат сакаат да рушат, потребна им е магла оти после 20 години се опозиција и не можат да се соочат со реалноста. Но, тоа не значи дека имаат кауза за демонстрации и протести бидејќи не може да биде кауза на Албанците „Соравија“ и такви коруптивни зделки, рече Меџити чија партија Демократско движење е дел од  коалицијата „Вреди“ која учествува во владината коалиција. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип