РАМПА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ: До 1 август нема влез во Грција и Бугарија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јули, 2020
Бугарија и Грција воведоа забрана за влез на македонски државјани.
До први август има целосна забрана за влез на македонските граѓани во Грција и Бугарија.
Со новата одлука на Европската Унија овие две држави целосно ја спуштија рампата за земјите од Западен Балкан.
Привремената забрана за Бугарија важи за сите без разлика на нивното државјанство и тоа преку сите гранични премини.
Од одлуката се иземени оние македонски државјани кои транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома.
И Грција до 31 јули го продолжи привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија.
Во одлуката потпишана од грчките министри за здравство и транспорт се наведува дека ограничувањето е од превентивни причини за заштита на јавното здравје поради дополнително ширење на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.