26 Декември, 2024
0.0306

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

2024 година ја завршуваме со хуманитарно широко отворени срца за општествена одговорност  и грижа за општото добро на сите.

Вчерашниот ден беше ден исполнет со многу насмевки, искрени желби и многу забава.

Рамстор како долгогодишен пријател на Општина Центар и оваа година беше дел од креирање  и организирање на многу настани за поддршка на образовни проекти.

Во новата 2025 година, со финансиска поддршка на Рамстор, ОУ”Cв.Кирил и Методиј” ќе добие нова и целосно опремена сензорна соба. “Со оваа инвестиција, создаваме подобро инклузивно образование во Општина Центар и подобри услови за развој на нашите деца .” истакна Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и додаде:” Ви благодарам Рамстор и во оваа прилика би сакал и јавно да и доделам признание на генерална директорка на Рамстор Македонија г-а Даниела Адемоска за досегашната соработка и реализираните проекти, за кои сум сигурен дека продолжуваат и во иднина.”

Во своето обраќање Генералната Директорка и сопственичка на Рамстор г-а Даниела Адемоска  се заблагодари  на Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и додаде “Отсекогаш ни претставувало посебна чест и како компанија и како индивидуи да бидеме дел од општествено одговорни, културни, социјални и хуманитарни проекти.”

Соработката на Рамстор со Општина Центар се развива  во социјално-хуманитарна сфера што само ја истакнува посветеноста на Рамстор за вклучување во општествено одговорни проекти.

Со оваа благодарница, сакаме да  го изразиме нашето искрено признание до Општина Центар за  заложбите кои ги вложувате во развојот на образовните проекти во нашата заедница. Поддршката на компаниите има важна улога во овој процес.Инвестирањето во опремување или изградба на сензорни/инклузивни простори било преку материјални средства или преку волонтерска работа може да направи значителна разлика.

“Рамстор како компанија  ја препознава важноста на овој вид на вклучување во општествено одговорни прокети бидејќи ние не само што инвестираме во сопствениот развој, туку и во развојот на општеството во целина, затоа што инвестирањето во инклузивно образование е  симбол на подготвеност да се гради заедно кон еднакви можности за сите .”рече Даниела Адемоска.

Голема благодарност до сите присутни на настанот, нашите верни пријатели од Трисомија 21, Доза Среќа и другарчињата од ОУ.Св.Кирил и Методиј и секако  златните славејчиња за прекрасниот настап.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Што треба да знаете пред да аплицирате за хипотекарен кредит

Што треба да знаете пред да аплицирате за хипотекарен кредит

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

МЕЃУ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО УО НА СКСМ ПОСТОИ ПОРАДИКАЛЕН ПРИСТАП ВО РЕШАВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ

МЕЃУ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО УО НА СКСМ ПОСТОИ ПОРАДИКАЛЕН ПРИСТАП ВО РЕШАВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ

Нова Година и нови почетоци со впечатливите Luisa Spagnoli и Max&Co.

Нова Година и нови почетоци со впечатливите Luisa Spagnoli и Max&Co.

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија - поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Физичката активност не е само превентивна мерка, туку и моќен сојузник во подобрувањето на менталното здравје и општата благосостојба

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје