Рангелова се срами од шиканирање на пратеници
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2018 21:25
Даниела Рангелова, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на телевизија 24 изјави дека таа лично се срами од чинот на шиканирање и обележување на пратениците кои гласаа за уставни измени.
Вели дека нема да си даде оставка како пратеник, затоа што добила мандат од граѓаните.
„Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени. На денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу ме загрижи што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното раководство барем се имало јасен став“, вели таа.
Додава дека нејзина грешка било што молчела, и вели дека во времето на Груевски било поинаку.
„Додека Груевски беше на чело, имаше предлог да се исклучат реформаторите, јас и уште неколкумина бевме против и тие не беа исклучени. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за потребата од уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда и сметав дека ако останам да седам со нив ќе ме обележат уште повеќе“, додава таа.
Според неа, тој чин бил нечовечен и се срами од него.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




