05 Декември, 2025
0.0379

Раниот тутун почна да се откупува

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2013 14:34

Добивај вести на Viber

Откупот на раниот тутун од денеска стартува во Македонија.Засега откупот се врши  во 65 откупни пункта, и истот ќе трае до крајот на месецов.

Според претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески, тутун откупуваат пет претпријатија: „Сокотаб“ од Битола, „Алијанса“ од Кавадарци, Прилепскиот тутунски комбинат, „Далија“ од Делчево и откупувачот „Пашовски“.

- Во земјава се отворени 65 откупни пункта, од кои 65 отсто, најмногу во пелагониско. Во раниот откупт на тутунот, кој е проект на Министерството за земјоделство трета година по ред, треба да се преземат околу 6.000 тони од вкупната реколта, која годинава се проценува на близу 30.000 тони тутун, информира Милески.

Тутунарите на процена во кутии ги носат првите три берби и целосно со другиот род очекуваат просечната цена да достигне околу 200 денари.

Александар Спиркоски, директор на ДООЕЛ „Тутун“ при Прилепскиот тутунски комбинат рече дека планирано е сега да се преземат над 500 тони тутун.

- Отворивме 10 пункта во Прилеп и населените места, а од идната недела уштре два откупни пункта. Што се однесува до исплатата таа ќе се одвива навремено и без проблеми, вели Спиркоски.

Според заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски интересот за тутунопроизводството во земјава расте.

- Ако лани се откупија 27.000 тони, годинава се очекуваат околу 30.000 тони, потпишани се 42.000 договори, а инересот за производство на тутун расте зашто имаме стабилен откуп, здрави претпријатија кои откупуваат, квалитетен род кој се бара и стабилни континуирани субвениции од Владата, кои ќе продолжуваат и понатаму, рече Коњановски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?