„РАСИСТ, СЕКСИСТ, ИСЛАМОФОБ“: Градоначалникот на Лондон кажа што мисли за Трамп
Објавено во: Свет 24 Септември, 2025 19:09
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е расист, сексист и исламофоб, објави британската телевизија Скај Њуз.
Откако Трамп изјави дека Лондон е управуван од ужасен градоначалник и дека Лондон сака да работи според шеријатскиот закон, Кан одговори дека има впечаток дека „живее во главата на Трамп и не плаќа кирија“.
„Мислам дека претседателот Трамп покажа дека е расист, сексист, мизогинист и исламофобичен. Лондон е најголемиот град во светот, побезбеден од големите градови во САД. Со задоволство го пречекуваме рекордниот број американски граѓани кои се преселуваат тука“, рече Кан.
Претседателот на САД, за време на неодамнешното враќање во Вашингтон од Велика Британија, го обвини Кан и за криминалот во Лондон, за кој рече дека е „на својот врв“, и додаде дека градоначалникот е „катастрофа“ за имиграцијата.
Лошиот однос меѓу двајцата, како што пренесе Скај Њуз, датира од 2015 година, кога Трамп, за време на кампањата за претседателските избори во САД, повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД.
Фото: Скај ЊузМожеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




