26 Јуни, 2024
0.0309

РАСКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК - што ги спои Сила и Миколај

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Љубовта нема граници, а некогаш има една нишка на спојување за двајца млади.
Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска, од две различни страни на Европа ги довела крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

Но, тие двајца почувствувале и сфатиле дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си реколе: ТЕ САКАМ! 

Ова го објави на својата фејсбук страница го објави Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Оттаму дополнуваат дека пет месеци потоа, дури траела Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветиле вечност на нивната љубов.

„Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат -  срцето на Сила за Миколај, а срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт.

Ве очекуваме, повторно, но овојпат заедно да дојдете крај брегот на Охридското Езеро, онаму каде што првпат си подадовте рака и зачекоривте заедно по патот.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик“, се вели во објавата од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала