Раскинат договорот за закуп на дел од паркинзите во Охрид
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2013 13:37
Општина Охрид го раскина договорот за закуп на дел од паркинзите и го известила досегашниот закупец дека му се забранува користењето на паркинг просторот, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
Тој појасни дека паркинзите од денеска се во владение на општина Охрид и оти градоначалникот Никола Бакрачески, за ова писмено го известил закупецот дека Општината ќе пристапи кон раскинување на договорот за закуп.
Општина Охрид смета дека закупецот не ги исполнил обврските од договорот и го раскинува договорот за закуп. Се надеваме дека постапката ќе заврши брзо во интерес на граѓаните на општина Охрид, изјави Џамтоски.
Раскинувањето на договорот се однесува на централното градско подрачје, односно улица „Македонски Просветители“ од пресекот со булевар „Туристичка“ до крајот, вклучувајќи го и кружниот тек со 162 паркинг места, улиците „Партизанска“ и „Кузман Јосифовски Питу“ до пресекот со кеј „Маршал Тито“ вклучувајќи го и паркинг просторот кај хотел Ривиера со 99 паркинг места.
Локалната самоуправа го раскинува договорот по заклучок Советот донесен нa седницата одржана на 10 мај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





