Распишан оглас за закуп на три парцели во Џумајлија
Објавено во: Агробизнис 03 Декември, 2015 14:14
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство објави оглас за закуп на дел од земјоделското земјиште во Свети Николе односно плодните ниви на агрокомбинатот “Џумајлија” кои претходно му беа доделени па одземени на индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Се работи за површина од 3.347 хектари кои се поделени на 3 географски целини. Првата е од 1.120 хектари и почетна цена на јавното наддавање е 91.107 евра. Втората географска целина е 1.133 хектари со почетна цена од 89.717 девра, додека третата географска целина е од 1.094 кектари со почетна цена на јавното наддавање од 77.291 евра. На претходниот оглас се распредели само дел од огласеното земјиште односно 1.136 хектари, кои под закуп ги доби велешката компанија “Агриа”, која ќе инвестира два милиони евра во следните четери години. Оваа компанија на електронската аукција имала доставено најповолна понуда со цена од 108.585 евра за годишна закупнина. Инаку вкупната површина на земјиштето е 4.483 хектари.
Ова земјиште претходно му беше доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Откако во 2011 година најголемиот агрогомбинат Џумајлија банкротираше, земјиштето со површина од 5.000 хектари остана запуштено. Потоа во 2012-та година агрокомбинатот отиде под стечај, а веќе следната година Владата склучи договор со индискиот бизнисмен Субарата Рој кој ја најави најголемата инвестиција во македонското земјоделство вредна 211 милиони евра. Две години по најавата освен првата бразда изорана свечено во присуство на високи владини функционери, ни педа од земјиштето не се обработи, а не се донесоа ниту најавените 20.000 крави. Годинава ресорното министерство го раскина договорот со Субрата Рој и ја активиршае банкарската гаранција од 3 милиони евра. Огласот за закуп беше објавен пред четири месеци за продажба на земјиштето во Џумајлија. Агроекспертите постојано укажуваа дека е погубно ова најплодно земјиште во Овчеполието да стои необработено. Досега пропаднаа четири реколти, што е штетно за домашното производство на жита но и на други култури, во услови кога земјава троши милионски суми за увоз на храна.
Дополнително со огласот за Џумајлија, ресорното министерство распиша и оглас за издавање под закуп на земоделско земјиште во Струга, Ресен и Струмица , бидејќи и за овие региони на претходниот оглас немаше досатавено соодветна понуда. Огласот во Ресен е за 4 хектари со почетна цена од 381 евра, во Струга се нудат под закуп 16 хектари по почетна цена од 1.920 евра, а во Струмица се нудат под закуп 39 хектари државно земјоделско земјиште со почетна цена од 3.512 денари. Крајниот рок за доставување на понуди е 45 дена од денот на објавување на огласот кои треба да се испратат до генералниот секретаријат на Владата.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





