Распитот заврши, Спасов избега од новинарите
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016
Заменик министерот Диме Спасов ја напушти полициската станица Карпош, каде што се појави вечерва за да даде исказ.
Тој оттаму замина со возило и избегна директен контакт со новинарите.
Засега не е познато каков исказ дал Спасов во станица, но МВР веќе ги потврди информациите на медиумите дека тој бил функционерот кој синоќа предизвика сообраќајна незгода и избега при увидот на полицијата.
Повеќе детали наскоро.