15 Декември, 2025
0.0492

РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - енергетскиот сектор со најголем скок

Објавено во: Економија 30 Април, 2025 14:08

Добивај вести на Viber

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година. ШТо се однесува пак до првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година растот достигнува два процента, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

- Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст - се посочува во соопштението. 

ДЗС објаснува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на тутунски производи,  Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),  Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Кај Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место има раст од 15,1 процент, а кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 7,1 процент.

Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за  24,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност