Добивај вести на Viber
Меѓубанкарските каматни стапки во Кина повторно забележаа раст и покрај минатонеделната голема инјекција на капиталот која ја одобри централната банка на земјата.
Седмодневната референтна каматна стапка - мерка за меѓубанкарските трошоци на задолжување - порасна на 9,8 отсто, највисоко ниво од 20. јуни кога достигна 11,62 отсто, пренесува Франс прес.
Каматните стапки неодамна тргнаа кон трендот на раст откако централната банка на Кина се воздржа од напумпување на дополнителната ликвидност.
Како би го смирила пазарот, централната банка соопшти во петокот дека во траење од три дена напумпала повеќе од 300 милијарди јуани (49,4 милијарди долари) во финансискиот систем преку т.н. програма за красткорочна ликвидност.