РАСТ ЗА 7 до 10 ОТСТО: Поскапува нафтата на светските берзи
Објавено во: Економија, Корона Вирус 05 Мај, 2020 15:34
Скокнаа цените на нафтата.
Тие на светскиот пазар утрово се во пораст за 7 до 10 проценти.
Јунските преддоговори за американската сурова нафта „ВТИ“ поскапеа за 9,76 проценти – на 22,38 долари за барел.
За јули пак, цената на фјучерсите на суровата нафта „Брент“ се зголемија за 6,8 отсто на 29,05 долари за барел.
Се верува дека причини за ваквите цени е стапувањето во сила на новиот договор „ОПЕК плус“, кој почна да се применува од 1 Мај.
Во текот на првите два месеци, намалувањето на производството на нафта ќе изнесува скоро 10 милиони барели на ден.
Пандемијата на коронавирусот доведе до рекорден пад на цената на нафтата, како резултат на намалената побарувачка за суровини.
На 20 минатиот месец за прв пат, цената на нафтата влезе во минус.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





