Раст за доларoт по силните податоци од САД
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 09:25
Доларот порасна за време на трговијата во четвртокот, откако беше поддржан од силните податоци за барањата за помош при невработеност. До 04 февруари ново поднесените молби се 234 000 спрема 246 000 недела порано. Прелиминарните прогнози на економистите беа тие да се зголемат за 250 000. Во исто време Доналд Трамп ја објави уште еднаш намерата за намалување на корпоративниот данок за американските компании.
Говорејќи Џејмс Булард, кој е претседател на ФЕД за Сент Луис, рекол дека каматните нивоа во САД можат да останат ниски во 2017 година. Булард очекува само едно кревање на основната каматна стапка во текот на оваа година а на редовното заседание на ФЕД во март не смета дека централната банка на САД ќе ја заостри монетарната политика.
Коментарите од страна на Трамп дека ќе им даде даночни олеснувања на американскиот бизнис, ја поддржаа американската валута. Доларскиот индекс кој ги мери зелените пари спрема шест од главните валути, се зголеми за 0,4 отсто до 100.17 поени. Јенот загуби околу еден процент од вредноста во однос на доларот, но и покрај тоа двојката продолжува да се движи во интервалот 110.60-115.15.
Новозеландскиот долар продолжи со поевтинувањето по седницата на новозеландската централна банка, достигнувајќи 0.7215.
Швајцарскиот франак отскокна од 200-дневната средна при 0.9885. Швајцарската валута се тргува во зоната околу паритетот.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




