Растат приносите на нивските и градинарските култури во Македонија
Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2018
Приносите по единица капацитет се еден од најважните индикатори за успешно производство. Во тој контекст е важно и движењето на висината на приносите во определен временски период. Сметавме дека последните пет години (2012-2016 година) се добар период во кој движењето на приносте е реален показател за тоа дали има позитивни движења.
Таб.1 Приноси на поважни култури (во кг/ха)
(Според податоци од годишниот зборник на РМ 1991 и 2017 год.)
Бидејќи нема објавени официјални статистички податоаци за 2017 година доволно индиции и вистински показатели се петгодишните движења (2012-2016 год.), а споредбата со 1991 година уште појасно покажува позитивен раст на приносите кај најважните примарни нивски и градинарски култури. (1991 година претставува година пред нашето осамостојување во кој период имаше релативно консолидирано производство.) Споредбата генерално покажува зголемување на приносите. Кај житата во 2016 година во споредба со 1991 година релативно најголемо зголемување е кај пченката за 44,8%. Кај градинарсктие култури зголемувањето е релативно највисоко (61,0%), исто така кај зелката 119,9%, потоа кај кромидот 117,8%, бостан 93,5% итн. Скоро кај сите поважни култури тенденциите на зголемување на приносите се случува во последните неколку години иако има повремени осцилации.
Висината и растот на приносите зависи од повеќе фактори (ако го исклучиме влијаните на годишните метеоролошки појави кои отстапуваат од просечните вредности). Покрај квалитетот на почвата, на приносите имаат влијани обработката на почвата, системот и количините на хранливите елементи (кои се додаваат ако почвата не ги содржи во доволни количини), системот на обработката на почвата, видот односно сортата на семето,потоа зависи од одгледувањето – заштитата од штетници и плевели , одржување на почвата со соодветна агротехника, навремено и доволно наводнување, потоа системот на берба прибирање на приносот и сместување. Тешко е мерливо влијанието на поедини елементи врз висината на приносите, но никаква вкомпонираност во целосен систем на производство се именува како ниво (вид) на технологија. Во последните години во Македонија очигледно е подигнато нивото на технологијата, воведувајќи нови сорти и технички средства.
Ваква висина на приносите на треба да не залажува бидејќи во Европа , па и во соседните земји приносите се далеку повисоки, кои особено кај житата ги надминуваат нашите приноси за 80-100%.
Додека за ниските приноси на житните култури , донекаде не оправдуваат неповолни услови, за градинарските култури кај кои имаме исто така пониски приноси, оправдување нема.
Денес технологиите, високоприносните семиња техничките средства и друго се лесно достапни и брзо се пренесуваат од земја во земја, само се потребни соодветни иницијативи и капитал. За жал средствата од руралниот развој и ИПАРД во Македонија се користат минимално, а тоа значи дека нема иницијативи за високи технологии и високопродуктивни технички средства.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.