Добивај вести на Viber
Средношколците наскоро ќе го добијат покачувањето на стипендиите кое Владата го донесе на почетокот на оваа година. Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски. Со ова стипендиите растат за 25 отсто, односно средношколците ќе добиваат 500 денари повеќе месечно.
„Средношколските стипендии ќе се зголемат за околу 25 проценти. Заостанатите стипендии ќе се исплатат во текот на следните две недели. Зголемувањето не можеше да биде реализирано во изминатите девет месеци затоа што беше изборниот период“, објасни премиерот Груевски.