20 Декември, 2025
0.0567

Растат тензиите околу „Фершпед“

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2013 22:40

Добивај вести на Viber

Растат тензиите околу „Фершпед“, а дел од акционерите обвинија дека раководството позајмува пари, а не ги враќа со што и нанесува штета на компанијата. Тие се собраа пред хотелот Александар Палас, бидејќи, како што тврдат, не биле пуштени внатре. Како што обвини адвокатот Венцислав Гушев, кој е претставник на „Квест инвестмент ПЛЦ“,  преку брокерската куќа „Фершпед Брокер“ членови на семејството Накови со пари на компанијата купувале акции за себе. „Прашање е дали на тој начин не се повредува еден од основните принципи од Законот за трговски друштва за еднаквост на сите акционери. Надлежните органи треба да направат увид во финансиското работење на оваа компанија и да се утврди дали навистина постојат незаконитости на кои укажуваме по поднесеното вонредно барање за свикување седница на акционерско собрание“, изјави Гушев. Тој како  главна причина за свикување на вонредното собрание го наведува тоа што се појавуваат луѓе кои купувале акции во брокерската кука „Фершпед Скопје“. „Интересен е начинот на кој тие ги купуваат акциите, но не ги плаќаат, туку нив ги плака Фершпед АД брокер. Во 2011 претседателот на Управниот одбор на Фершпед брокер ги отпишува долговите кои се настанати со купување на овие акции, ова е една алка од ланецот на неправилности и незаконитости кои одат до тоа да се даваат позајмици на физички и правни лица кои никогаш не се вратени. Се повредува принципот на еднаквост на акционерите“, додава Гушев. Од Фершпед ги отфрлаат сите обвинувањата од страна на Квест инвестмент груп. Во пресрет на веќе закажаното вонредно акционерско собрание на Фершпед, во компанијата се случија нови превирања. Дел од странските акционери најавија  дека ќе бараат дополнување на дневниот ред на собранието со неколку мерки, за кои тврдат дека се од значење за компанијата и за акционерите. Застапникот на  странскиот акционер QWEST INVESTMENT, Венцислав Гушев за Фактор посочи  дека ден пред да биде објавена информацијата на  Македонска берза за вонредното собрание, тој по барање на неговите клиенти, поднесол барање за вонредно собрание за што како што вели има и печат од архивата на Фершпед.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии