РАСТЕ БРОЈОТ НА ИНФИЦИРАНИ ВО СРБИЈА: Земјата е петта во Европа по број на новозаразени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Март, 2021
Лоша е епидемиолошката слика на Србија која е петта во Европа по број на новозаразени со коронавирусот.
Ова за РТС го потврди директорот на Канцеларијата на СЗО во Србија, Маријан Ивануша. Тој додаде дека брзо се шири британскиот сој на коронавирусот кој полесно се пренесува и завршува со потешка форма на болеста. Додаде дека е потребно луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро. Дописникот на МИА од Белград, јави дека според последните податоци на Владата, во земјата се извршени вкупно 2.178.930 вакцинации, а втората доза ја примиле 865.018 граѓани. Србија е десетта во светот според вкупниот број на вакцинирани и трета во Европа според вкупниот број на вакцини дадени на милион жители. Во последните 24 часа во Србија регистрирани се уште 5.475 заразени со коронавируст, а починаа 36 луѓе. Во болниците се лекуваат 6.178 ковид пациенти, а 238 на респиратор. Тестирани се 18.158 луѓе, а од почетокот на пандемијата 3.295.548 граѓани. Епидемиологот Предраг Кон најави дека утре имаат состанок на Кризниот штаб, на кој ќе се разговара за работата на угостителските објекти и училиштата.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.