РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Барел се тргува за помалку од 40 долари
Објавено во: Економија, Корона Вирус 13 Јули, 2020
Во светот има пад на цената на нафтата.
Се намали цената на нафтата како резултат на зголемениот број заразени од коронавирус.
Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар утрово се намали за 53 центи, на 42,71 американски долари.
На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 64 центи пониска цена, за 39,91 американски долари.
Трговците за натамошни насоки го очекуваат состанокот на ОПЕК, што треба да се одржи неделава.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека во светот во последните 24 часа се регистрирани 230.370 случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден дневен пораст од почетокот на пандемијата.
Цените на нафтата се чувствителни на пандемијата, и сите промени кои таа ги донесе.
Понудата на нафта во светот е на најниско ниво за период од една деценија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.