РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС: Поплавите однесоа жртви во Европа
Објавено во: Свет 17 Септември, 2024
Најмалку 19 загинати има во невремето што ја погоди Европа.
Луѓе загинаа во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Другите европски држави, вклучувајќи ги Унгарија, Словачка и Италија, се подготвуваат за тешки временски услови во наредните денови.
Најтешка е ситуацијата на местата кај чешко-полската граница. Во Чешка се евакуирани 15.000 луѓе, а во Полска 3.000 се без струја. Помалите села погодени од поплавите немаат мобилна мрежа, па дури и струја, изјави за Би-Би-Си хуманитарец од Полска.
„Службите како што се пожарникарите и спасувачите не можат да комуницираат меѓу себе. Некои села се целосно отсечени од светот, па вода и храна се носат со хеликоптери. Луѓето ги загубија сите свои работи, домови, сè. Некои дури и ги загубија животите“, изјави таа.
Полската полиција објави дека има информации за вкупно шест луѓе кои се удавиле за време на поплавите на југозападот на земјата.
Италија се смета дека е следната земја која утре ќе се соочи со невреме. Бурата Борис направи пустош во дел од Европа.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.