16 Декември, 2025
0.0821

Расте клубот поддржувачи на Гаспром во Европа

Објавено во: Балкан 10 Април, 2015 10:31

Добивај вести на Viber

Во Европа се формира нова коалиција сојузници на "Гаспром" - Грција, Турција, Македонија, Србија и Унгарија – се петте земји кои официјално ја поддржуваат изградбата на "Турски поток". Тоа го пишува во својот коментар руското издание "Коммерсант". Според информација на медиумите во најскоро време кон овој клуб ќе се приклучи и Австрија. Неделава во унгарската престолнина се одржа состанок на министрите за надворешни работи на петте земји, на која беа разгледани енергетските прашања, меѓу кои и подготвеноста за изградба на "Турски поток". Бугарија веќе не е во игра. По проблемот кој го предивика претходно соседот од истокот не беше поканет на овој форум. Според информациите на "Коммерсант" на разговорите во Будимпешта сепак имало претставник на Европската комисија како набљудувач на разговорите. По средбата е потпишана изјава за енергетска соработка и создавање на "економски оправдани патишта за диверзификација на правците и изворите" за транспорт на природен гас од Турција за земјите од Европа. На овој начин петте земји ја потврдиле својата желба да го поддржат проектот, кој ќе поминува под Црното Море, преку територијата на Турција и до гасниот центар Баумгартен, толкува "Коммерсант". Проектот, го носи името "Турски поток", и е алтернативата на "Јужен поток". Од Министерството за надворешни работи на Унгарија прецизираат дека ќе биде формирана работна група која ќе биде одговорна за развојот на гасната инфраструктура, а средбите на претставниците на петте држави ќе станат редовни. Руското издание додава дека ако овие држави се договорат за "земниот" пат на "Турски поток", "Газпром" ќе може да го реши прашањето за испорака на природен гас во Европа, заобиколувајќи ја Украина. Клучен проблем сепак ќе се појави при финансирањето на новиот проект. Со "Јужен поток" логиката беше дека "Газпром" привлекува средства, го гради гасоводот и е сопственик на објектите. Во услови на западните санкции сепак на руската компанија ќе и биде тешко да ги најде потребните средства, а и повторно ќе се соочи со европското законодавство, истата компанија да е истовремено сопственик на енергетската мрежа и давателот на неа. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството