Расте невработеноста во Грција
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2013
Невработеноста во Грција продолжува да расте достигнувајќи 27,6 проценти во јули споредено со 27,5 отсто претходниот месец.
Националниот Институт за статистика на Грција денеска објави дека 1,36 милиони лица биле невработени во јули, што претставува раст од 10 проценти во однос на минатата година.
Грчката Влада очекува благ раст на вработените во текот на идната година, но сепак прогнозата останува на високо ниво од 26 отсто.
Синдикот на грчките работници во приватниот сектор ГСЕЕ очекува невработеноста да се зголеми на 30 отсто во текот на идната година.
Властите во Атина предвидуваат економијата да се врати кон раст од идната година, првпат по 2007 година, иако со скромни 0,6 проценти.