Добивај вести на Viber
Профитот на американскиот производител на спортска опрема „Најк“, во тромесечјето завршено кон крајот на август беше подобар од очекуваното, но не можеше да го надомести разочарувањето на инвеститорите со податоците за падот на обемот на порачките во Кина.
За три месеци „Најк“ заработи 1,23 долари по акција, во однос на 1,36 долари претходната година, што е подобро од 1,12 долари по акција, колку што оценуваа аналитичарите.