19 Декември, 2025
0.0428

КОВИД-19: Посмртен е од што мислеа и најголемите оптимисти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020 07:20

Добивај вести на Viber

Новиот коронавирус, Ковид-19 се уште е енигма за здравствените експерти. Во јавноста до сега можеше да се слушнат и да се прочитаат сосема дијаметрално спротивни тези. Некои го нарекоа зимски вирус, зошто не можел да опстојува на повисоки температури. Такви изјави дадоа светски реномираните зравствени научници, како што е д-р. Есперанца Кабрал, како и водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи. Независно еден од друг, на почетокот на февруари и двајцата ги изнесоа своте ставови дека новиот коронавирус, Ковид-19 припаѓа на семејството зимски вируси и дека на повисока температура едноставно не може да преживее, за набрзо потоа да се појават сосема спротивни ставови дека ниту топлото време нема да го убие смртоносниот вирус, како што е изјавата на еден од напознатите микробиолози во светот Сугионто Сапутра кој вели дека факторите на животната средина може воопшто да не влијаат врз вирусот.

И покрај тоа, што се уште е предмет на истажување, сепак, постојат одредени нешта кои до сега се утврдени за Ковид-19. Епидемиологот, д-р. Владимир Микиќ, вели дека не треба да се крева преголема паника, но во ниту еден случај не смее да се релатвизира ситуацијата, односно да се потцени вирусот.

-Ковид-19 е многу посериозен од сезонскиот грип. Факт е дека 80 проценти од заболените ќе имаат полсена клиничка слика и ќе може да се лекуваат во домашни услови. 20 проценти од заболените ќе мора да бидат хоспитализирани, додека 5 проценти ќе имаат тешка клиничка слика и ќе мора да бидат ставени на респираторни апарати. Смртната стапка се движи некаде од под 1 процент, до 5-6 отсто од заболените. Но, од држава до држава и ова е рзлично, на пример во моментов Италија се соочува со доста висока стапка на смртост, а и за тоа придонесуваат многу фактори, пред се демографската структура. Италија важи за држава со доста старо население. Најважно е да се почитуваат препораките на Светската здравствена организација, вели д-р Микиќ.

Од друга страна, пак, еден од врвните епидемиолози во земјава, Драган Даниловски, пред неколку дена создаде вистинска паника откако во пост на Фејсбук напиша дека коронавирусот може да опстои во воздухот повеќе од три часа.

-Вирусот се одржува во воздухот 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно. Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува ‘филмската’ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздух цели три часа. Особено ако времето не е ветровито, напиша Даниловски на Фејсбук.

Веднаш потоа тој самиот се корегира себе си и во нов пост напиша дека станува збор за случаен превид, па според тоа и погрешно толкување на наодите на експерименталната студија за стабилност на SARS-CoV-2 во аеросоли и на површини, при разгледување на студијата. Извинување за ненамерно предизвиканата паника!!!

-Согласно студијата, вирусот опстојува 3 часа во аеросоли, во експериментални, лабораториски услови. Ама не би можело тие наоди да се пресликаат на реални клинички услови. Досега не е докажано постоење на аероген пренос за SARS-CoV-2! И понатаму остануваат препорачаните мерки на СЗО, стои во постот на професор Даниловски.

Во светски рамки, според досегашните истражувања, реномираниот германски институт,  „Роберт Кох“ проценува дека степенот на опасност по граѓаните е висок, што е само едно ниво помалку од највисокиот степен на опасност. Директорот на институтот, Лотар Вајлер пред извесно време изјави дека не ја исклучува можноста епидемијата на коронавирусот да трае дури две години.

Пандемијата би можела да трае две години, а во екстремен случај исто така би можеле да потраат и мерките за граѓаните, оценува Вајлер. Според СЗО, најважниот фактор за сузбување на пандемијата е земјите ефикасно да ги изолираат случаите, и да ги држат луѓето во помали заедници. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот