Разнесен автомобилот на албанскиот конзул во Солун
Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2018
Непознати напаѓачи го запалиле автомобилот на генералниот конзул на Албанија во Солун. Тие најверојатно подметнале експлозивна направа под блиндираниот автомобил на албанскиот конзул.
Грчката полиција соопшти дека инцидентот се случил ноќеска, во два и пол часот по полноќ. На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи. При проверката на местото, полицијата открила експлозивна направа.
Се` уште никој не ја презел одговорноста за нападот врз дипломатското возило, а нема ниту официјална реакција на Албанија.