21 Април, 2025
0.0306

РАЗНИТЕ СОЕВИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ПОВТОРНО И ПОВТОРНО ЗАРАЗУВАЊЕ: Професорот Никола Пановски објасни зошто има зголемен број на реинфекции

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2022 09:24

Добивај вести на Viber

По појавата на омикрон варијантата во Македонија евидентно е зголемување на бројот на реинфекции, односно повторно заразување со вирусот, особено поради фактот што станува збор за многу повирулентен сој кој го заобиколува имунитетот кај луѓето стекнат или по природен пат, со прележување на болеста или пак имунитетот од вакцинацијата против ковид. Само во последната недела од јануари Институтот за јавно здравје известува за 1.558 пријавени реинфекции, скоро идентично во однос на неделата претходно. Што се однесува пак од почетокот на епидемијата на корона вирусот, во земјава се регистрирани 6.494 реинфекции од кои 17 се втори реинфекции, што значи дека едно лице и по трет пат е заразено со вирусот.

Таков случај е Ана Љeљохин Ристески која во разговор за Фактор говори за тоа како ниту еден сој присутен во земјава не ја „заобиколува“.

-Да, сега сум по трет пат заразена со ковид-19, значи февруари 2022. Верувам дека ова е омикрон варијанта, бидејќи симптомите за разлика од претходните два пати ми се полесни. Прв пат со ковид се заразив во октомври 2020 година. Тогаш ми беше навистина најтешко, со повеќе денови висока температура, имав наод на бели дробови, нормално ми дадоа антибиотска терапија. Но, во тој период практично болниците беа преполни, пристапот до здравствените установи беше крајно ограничен, матичните лекари само телефонски комуницираа со пациентите. Навистина едно тешко искуство поминав. Вториот пат инфекцијата ми се случи во април 2021 година. Тогаш имав исто така неколку дена температура, некои 5-6 дена. Одев на Клиниката за инфективни болести и на Институтот за ТБЦ и заради повторно мал наод на белите дробови бев со антибиотска терапија, примав и инфузии. Значи, клиничките слики и првиот и вториот пат воопшто не беа оние лесни, колку само да се помине болеста. За среќа ниту еднаш не бев хоспитализирана. За разлика од првите два пати, сега за нијанса имам послаби симптоми, но повторно со температура, болки во зглобовите, некое зуење во главата, главоболки, но се надевам да не се направат и дополнителни проблеми, вели нашата соговорничка.

Потенцира дека не се одлучила да се вакцинира против корона вирусот, пред се заради хормоналниот дисбаланс кои и се јавил месец дена по првото прележување на болеста, а освен тоа има и автоимуна здравствена состојба-хипотироида.

-Само месец дена откако оздравев од првата инфекција ми се случи целосен дисбаланс на хормоните, имам пореметување на месечниот циклус...Имам проблеми и со вкусот и мирисот. Оддеднаш ми доаѓа како мирис на изгорено, запалено, кромид, други силни мириси...навистина постојат низа проблеми долго време по прележување на ковид-19. Тие постковид компликации и сега повеќе ме плашат. Што се однесува до вакцинацијата, се консултирав со повеќе лекари, па и специјалисти гинеколози, ендокринолози, заради мојата автоимуна состојба-хипотироидата и нивните мислења се поделени. Едни велат да се вакцинирам, други велат да почекам. Затоа и досега ја одложувам вакцинацијата, вели Ана за Фактор.

Во однос на тоа зошто некои луѓе се заразуваат по неколку пати со корона вирусот, Фактор поразговара и со професорот Никола Пановски.

-Станува збор за сосема различни соеви на вирусот и тие са главната причина што некој поединец може повторно и повторно да се зарази. Токму затоа и вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а со секоја појава на нова варијанта нивната ефикасност опаѓа. Кога заборуваме за омикрон видот, вакцините едвај штитат 30 отсто, појаснува познатиот микробиолог.

Многу поважен момент според Пановски е тоа што огромен број од луѓето кои прележале ковид и повторно се заразени не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем на тој начин.

-Многу посилен имунитет на ковид стекнуваат луѓето кои го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а не се заразиле. Само вакциналниот имунитет не е доволен. За жал кај нас уште кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар, што според мене е трагикомично. Според науката, „супер имунитет“, пак, имаат луѓето кои прво биле заразени, а потоа се вакцинирале. На толку многу мутации, особено со омикрон, само прележаноста едноставно „не важи“, особено за луѓето кои се заразиле во 2020 година или лани пролетта. Изминат е долг период, а со текот на времето имунитетот опаѓа. Овој сој ги заразува сите, но многу е важно што оние кои претходно биле болни, а потоа и се вакцинирале ќе поминат многу полесно, посочува професорот Пановски за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности