18 Декември, 2025
0.0615

„РАЗОЧАРАН СУМ, НО НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО НЕГО“: Трамп за преговорите со Путин и најавите за крај на војната

Објавено во: Свет 15 Јули, 2025 09:24

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не завршил со рускиот претседател Владимир Путин. Тој ова го изјави во ексклузивен телефонски разговор за Би-Би-Си.

Американскиот претседател беше прашан дали му верува на рускиот лидер, на што тој одговори: „Не му верувам на речиси никому“.

Трамп зборуваше само неколку часа откако ги објави плановите за испраќање оружје во Украина и предупреди за сериозни царини против Русија доколку не се постигне договор за прекин на огнот во рок од 50 дена.

Во интервју од Овалната соба, претседателот, исто така, ја изрази својата поддршка за НАТО алијансата, иако претходно ја нарече застарена, и ја потврди својата посветеност на принципот на заедничка одбрана што го претставува алијансата.

Трамп разговараше со Би-Би-Си по телефон, кој траеше 20 минути, по претходните разговори за можно интервју на годишнината од обидот за атентат врз него за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

На прашањето дали преживувањето на атентатот го променило, Трамп рече дека сака да размислува за тоа што е можно помалку.

„Не сакам да размислувам дали тоа ме промени“, рече Трамп. Тој додаде дека постојаното размислување за тоа „може да ви го промени целиот живот“.

Сепак, по средбата со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, претседателот го посвети поголемиот дел од интервјуто на изразување на своето разочарување од рускиот лидер.

Трамп рече дека четири пати мислел дека договор со Русија е на повидок.

Кога Би-Би-Си го прашале дали „завршил со Путин“, претседателот одговорил: „Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Но, разочаран сум“.

На прашањето како планира да го натера Путин да „го запре крвопролевањето“, Трамп рече: „Работиме на тоа“.

„Ќе имаме одличен разговор. Ќе кажам: „Добро, мислам дека сме блиску до договор“, а потоа тој ќе сруши зграда во Киев“, рече Трамп.

Потоа разговорот се сврте кон НАТО, кое Трамп претходно го опиша како „застарено“.

На прашањето дали сè уште мисли така, тој одговори:

„Не. Мислам дека НАТО сега станува спротивно на тоа“, бидејќи, како што рече, сојузниците сега „ги плаќаат своите сметки“.

Тој додаде дека сè уште верува во колективната одбрана, бидејќи тој принцип им овозможува на помалите земји да се бранат од поголемите.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина