РАЗВИВАЊЕ НА КОНКУРЕТНО СПОСОБНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА
Објавено во: Агробизнис, Колумни 29 Август, 2017
Надминување на структирните проблеми низ консолидација на стопанствата и рационализирање на искористување на земјата. Тоа значи пред се формирање на рационална аграрна структура односно структура на сопственоста која овозможува ефективна економска активност. Почетните услови остануваат неповолни бидејќи земјишната сопственост е силно расцепкана (раситнета). Потребно е надминување на структурните проблеми преку консолидација на земјишната сопственост и рационализирање на искористувањето на земјата. Опитите на многу земји покажуваат дека централизираните првенствено административните средства за решавање на тие проблеми како: комасација, државни друштва за трговија со земја и друго се скапи, спори и даваат сомнителни резултати. Природното решение е развивање на слободен пазар на земјоделското земјиште. Во тој однос зајакнувањето на правото на сопственост е најважен економски предуслов.
Освен зацврстување на правото на сопственост, македонското земјоделство има потреба од законски гаранции за одредена стабилност на искористување на земјата. Нормативен акт за тоа искористување треба не само да дава можност за формирање на стопаства со рационални големини за да се реализира економија од голем формат, но да гарантира доволно долг временски период за експлоатација. Овој аспект е особено важен за инвестициите од долгорочен карактер.
На прво место причината за забрзан развој ќе биде потребна неизбежна интензификација на производството. Вложувањата и просечните приноси по хектар, се далеку пониски од тие во ЕУ. Очекуваното потојано зголемување на цените на земјоделските производи исто ќе создаде стимул за поинтензивно производство. Одржливата интензификација, односно таа кај која резултатите се повисоки од дополнително искористените ресурси, бара прецизни технолошки решенија.
На второ место, се повеќе производството на земјоделска продукција ќе се остварува при искористување на природните ресурси. Ќе треба значителен дел кај средствата за директна поддршка да се насочуваат кон идната “зелена “ компонента и да се исплаќаат во зависност од средствата на специјални земјоделски меропријатија и практики, некои од нив ќе имаат и повеќегодишен карактер. Покрај се друго, карактерот на современото земјоделско производство бара знаења и умешност во различни области –производство, економија, управување и други чии позитивни резултати се постигнуваат со продолжено обучување. Нестабилноста во земјоделството, значи нестабилност и во производните структури и како резултат – сигурно губење на квалификувана работна сила.
Прашањето за стабилност во користење на земјиштето е уште поважен за интензивните земјоделски сектори – градинарството, овоштарството и лозарството. Овде инвестициите имаат многу подолгорочен карактер, бидејќи покрај подигањето на насади, потребни се инвестиции за наводнување, складишта, ладилници и др.
Структурната политика во земјоделството треба да создава услови за развивање на различни по големина и производен асортиман земјоделски стопанства. Пред се потребна е умерена, а не висока поддршка на крупните стопанства. Во конкретни услови на определени подрачја (главно ридско-планински), малите и средните стопанства како што се покажува во праксата, можат подобро да ги искористат ресурсите.
Нема сомнеж дека во иднина ќе расте притисокот врз природните ресурси особено врз земјоделските површини, пред се за урбанистички и индустриски цели. Во исто време, општеството е заинтересирано да се сочува тој необновлив природен ресурс и почвената плодност.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКАТА СПОСОБНОСТ НА АКГОКОМПЛЕКСОТ
Инвестициите за модернизација на производните процеси во секторот се клучни за неговата конкурентност, значи и за неговата животоспособност на долгорочен план. Денес модернизацијата на агрокомплексот помеѓу поедини подсектори е силно неизбалансирана. Мислам дека помодерни средства и напредок има повеќе кај зрнопроизводството и индустриските култури во споредба со градинарството и сточарството.
Конкурентската способност на земјоделството до голем степен ќе зависи од модернизацијата и развој на производната инфраструктура. Тоа важи како за таканареченото подобрување на земјата – хидромелиорации , борба со ерозија, подобрување на плодноста на почвата, патна мрежа, како и објекти за чување и доработка.
ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Производството на квалитетни прехрамбени продукти станува се поважно за потрошувачите. Од таа гледна точка значењето на органското производство ќе расте, што од своја страна бара определено ангажирање на директна поддршка.
ГАРАНТИРАЊЕ НА ПРАВЕДЕН И СТАБИЛЕН ДОХОД НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
Развојот на животоспостобно земјоделство во ЕУ и развиените земји ќе продолжи да бара мерки за гарантирање на доходот на земјоделската дејност во неколку насоки:
Поддршка на доходот преку директни но неповрзани со производството плаќања.
Релативно израмнување на нивото на поддршка со нивото во најразвиените земји. Сегашните разлики се неоправдани и во системот на некои асоцијации, што претставува пречка за алокација на ресурсите во рамките на асоцијациите.
Рамномерно распоредување на поддршката и помошта меѓу одделни подсектори и групи стопанства во земјоделството.
За Македонија е важно ширењето на можностите за поддршка на сектори со специфични проблеми, како и за претструктурирање на производството во реоните со неповолни економски и социјални услови.
Поттикнување на кооперирањето и формирањето на групи на производители со цел да се зголемува понудата и подобро пазарно присуство.
Поддршка за развивање на системот за управување со ризиците во земјоделството, со вклучување на нови осигурителни шеми, развивање на заеднички фондови и други мерки.
Проф.Д-р. Борис Анакиев