Добивај вести на Viber
Да се интензивира соработката меѓу Македонија и Унгарија, пред се во делот на сточарството и производството на зеленчук, се договорија денеска унгарскиот министер за рурален развој, Шандор Фазекаш и македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски.
Според Димовски во фокусот на соработката е интензивирањето на размената, но и како што вели тој, за нас важните унгарските искуства за евроинтеграцискиот процес.
Двајцата министри се договориле дека биотехнологијата и заштитата на животната средина се два сегменти во коишто треба да се развива идната соработка, а со цел понатамошно продлабочување на односите беше потпишан и заеднички меморандум за соработка во земјоделството.
„Унгарија ги поддржува евроатланските аспирации на Македонија, но дојде време да ја интензивираме и соработката во областа на земјоделството“, изјави министерот Фазекаш кој исто така најави дека е отварена можноста македонски експерти да се дообразуваат на унгарскиот универзитет.
Македонија годишно од Унгарија увезува земјоделски производи во вредност од 6 милиони евра, пред се житарици и месни производи. Македонскиот извоз во Унгарија е двојно помал, 3 милиони евра годишно, а најмногу се извезува зеленчук и вино.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: