Добивај вести на Viber
„Цинично и лицемерно е прикажувањето дека СДСМ во Прилеп се сретна со македонските земјоделци, доколку како такви се преставуваат малата група на партиски кадри, веќе докажани во фингирање на наводно земјоделско незадолство по партиски налог со фрлање на по некоја гајба домати, млеко или блокирање на пат во заштита на даночните проневери на некогашниот медиумски газда-нивен соселанец“, реагираат од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на вчерашната средба на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, со земјоделците во Прилеп.
Како што стои во дописот од Министерството, СДСМ се плаши да се сретне со вистинските македонски земјоделци кои ги остави без пласман, со згаснување на големите агро-комплекси, на кои им ги рушеше откупните цени во корист на нив блиските транзициски олигарси, на кои целосно им ја укина финансиската поддршка и успеа да оствари најголемиот пад на производството и понижувања кои земјоделците.
„Со последната блокада на Собранието, опозицијата повторно го потврдува континуитетот на својот погубен однос кон македонското земјоделство, во пракса докажан во времето на нивното владеење“, соопштуваат од Министерството и бараат наместо злоупотреба на Собранието и Буџетот за 2013 година за чудни партиски и пред се лични интереси, СДСМ што побрзо да го одблокира донесувањето на финансискиот план во кој заслужените финансиски средства за земјоделците се една од најзначајните, и од Владата загарантирани ставки, повторно зголемени во однос на тековната година.
Инаку ваквата реакција доаѓа по вчерашната посетата на Јовановски на Прилеп и средбата со земјоделците од регионот, со цел уште еднаш да се објасни планот за штедење на СДСМ, како и да им се потенцира дека субвенциите за земјоделците во ниту еден случај не се загрозени со прифаќање на планот за штедење од страна на власта.
„Крајно време е земјоделците да го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е вистински систем за функционирање на земјоделието, и тоа СДСМ ден поскоро ќе им го овозможи“, изјави вчера Јовановски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.