04 Мај, 2024
0.0794

Реципрочни мерки: Србија ќе го ограничи увозот на македонско вино, грозjе и домати

Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Поради тоа што македонските власти не го укинаа ограничувањето на слободниот увоз на српската пченица и брашно, Србија сега најавува дека ќе го отежне увозот на македонското вино, грозjе и домати за српскиот пазар. Како што пишува весникот „Новости“, овие производи ќе бидат први на удар, како дел од реципрочните мерки на српското министерство за земјоделство. Македонија не го почитува постигнатиот договор да се укине уредбата за ограничување на увозот на пченица од Србија, со што домашните земјоделци трпат загуба пишува весникот и додава дека ова не е прв пат Македонија да го ограничува увозот од Србија, што според изјавата на советникот за земјоделство во Стопанската комора на Србија, Милан Простран, е показател дека земјите потписнички на ЦЕФТА не се подготвени во целост да ги отворат своите пазари. „Сакавме да избегнеме трговска војна, која не е добра за двете страни. Но ние мораме да го заштитиме домашното производство“, вели Данило Голубовиќ, државен секретар во министерството за земјоделство. Според Голубовиќ, Србија досега била толерантна, но македонската страна го вели тој, го крши договорот за слободна трговија. „Сакавме проблемите да ги решаваме преку институциите на ЦЕФТА. Бидејќи нашите соседи не ја укинаа уредбата за ограничување на увоз на земјоделските производи, принудени сме да реагираме и да го ограничиме увозот на македонско вино, грозје и домати“, вели Голубовиќ. На ваквата реакција им претходеа повеќе  договори на македонските и српски претставниц, состанок на ЦЕФТА во Србија, но и офисијална посета на српскиот министер за земјоделство во Македонија:. Сепак, и покрај најавите за надминување на проблемот, нема поместување на ставовите од двете страни.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?