Рекорден прилив од туризмот во Македонија
Објавено во: Економија 21 Март, 2024
Поранешниот директор на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, објави дека е постигнат рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија
„Тргнавме од 327,05 милиони долари за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години!
Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“,објави Јаневски.
Претходно Државниот завод за статистика во феврураи објави дека во текот на 2023 година се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на 2022 година бројот на туристите е зголемен за 20,6 отсто, и тоа кај домашните за 0,6 отсто, а кај странските за 36,6 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, во 2023-та во однос на претходната година е зголемен за 10,1 отсто
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.