Редовни агрохемиски анализи се неопходни за поголем принос во земјоделството
Објавено во: Агробизнис 04 Август, 2013 20:30
Според експертите редовни агрохемиски анализи се неопходни, но градинарите немаат навика да ја испитуваат земјата пред садењето.
Струмичките земјоделци треба да водат поголема грижа за почвата и нејзините својства за садење на различните култури. Редовни агрохемиски анализи се неопходни велат експертите, но градинарите немаат навика да ја испитуваат земјата пред садењето. Со тоа ризикуваат да добијат помал принос но и послаб квалитет, бидејќи секоја култура бара различни подлоги за растење и развивање.
Помладите фармери се поодоговорни кога станува збор за современото земјоделство. Од земјоделските здруженија коментираат дека новите техники и мерки полесно ги применуваат тазе –земјоделците, бидејќи се заинтересирани за производство по европски стандарди заради извоз на странските пазари.
Последните масовни анализи се правени по февруарските поплави за да се утврди дали има нарушување во составот на почвата во струмичко. Сепак индивидуалните земјоделци многу ретко самоиницијативно се обраќаат во лабораториите да проверат на каква почва ги одгледуваат земјоделските култури.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





