16 Јануари, 2025
0.0272

Референдум ќе го спаси ГТЦ од Барок?!

Објавено во: Македонија 18 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Референдумот за Градскиот трговски центар во Скопје ќе покаже дали граѓаните се “за” или “против” менувањето на изгледот на овој објект, a нивното мислење треба да биде прифатено, велат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Дел од архитектите вчера имале средба со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски од кого добиле уверување дека иницијативата за референдум ќе биде ставена на дневен ред на седница на Советот на општината. Од Центар велат  дека референдумот ќе биде во согласност со Законот за локална самоуправа, но и  во случај да нема одлука на Советот, ќе се најдат начини иницијативата за референдум за  ГТЦ да биде спроведена. За денеска градоначалникот Жерновски најави прес-конференција на која ќе бидат изнесени деталите околу иницијативата за референдум. Според првичните најави референдумот најверојатно ќе се одржи до крајот на следниот месец. -Референдумот е најдобар начин да се слушне мислењето на граѓаните, тие треба да одлучат дали се за или против менувањето на изгледот на ГТЦ. Ние уште лани ја поднесовме иницијативата за референдум и добро е што има позитивни сигнали од општината Центар. Ставот на Асоцијацијата на архитекти е познат, точно е дека на ГТЦ му треба реконструкција, но не и барокна фасада, овој култен објект треба да го задржи автентичниот изглед,  вели  претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ. Во анкетата што лани ја спрoведе Општината Центар ,  три четвртини од жителите се изјаснија дека се против барок за ГТЦ,  22 проценти  се изјаснија дека би поддржале менување на ликот на ГТЦ, а околу девет отсто не одговориле. Во анкетата што порталот  Фактор ја спроведе лани,  над 82 отсто од читателите се изјаснија дека градскиот трговски центар во Скопје треба да се реконструира но да го задржи сегашниот архитектонски изглед. Само 18 отсто од читателите се изјаснија  дека ГТЦ треба да се реконструира и да добие целосно нов лик во барокен стил. Асоцијацијата на архитекти на Македонија и граѓанската иницијатива "Го сакам ГТЦ" досега организираа низа настани за спас на ГТЦ од трендот на барокизација. Два пати се организираше симболично гушкање на трговскиот центар, а се собраа и над 4.000 потписи за спас на ГТЦ. Кон крајот на минатата година се спроведе и кампања со различни настани, видео спотови, кои имаа за цел да покажат зошто ГТЦ не треба да има барокна фасада.Од ААМ и од и граѓанската иницијатива "Го сакам ГТЦ" неколку пати бараа средби со надлежните но безуспешно. Во целиот период додека преку најразлични кампањи архитектите се обидуваа да ја докажат вредноста на делата на познати архитекти како што е ГТЦ и зошто е важно да го задржи автентичниот изглед на овој архитектонски белег на Скопје, властите остнаа глуви и продолжија да ја тукраат постапката за изведбениот проект. Од Граѓанската иницијатива недомна изјавија дека кој и да е  инвеститор што ќе биде  избран на огласот за  јавно-приватно партнерство за реконструкција на ГТЦ, треба да ги има во предвид вредностите,фактите, функцијата, зошто на овој објект не треба да му се менува автентичниот лик. -Мислам дека целата постапка е нелогична и измешана, бидејќи оваа физибилити студија се нарачува кога проектот е речиси готов. Ако студијата е за партнерство тогаш таа нема влијание на проектот, туку таа треба да ја покаже економската исплатливост на инвестицијата. Но мене не ми се допаѓa тоа што девастацијата на ГТЦ продолжува, намерно нема никакви елементарни вложувања, овој објект плаче за обнова, но при тоа да се задржи автентичноста на објектот. Во секој случај физбилити студијата ја поддржуваме, оти таа ќе покаже многу , ако е професионално изработена. Ова е само поттик за одбрана на нашиот став, ќе имаме работа со нов приватен инвеститор на кој ќе мора да објасниме дека ГТЦ е културно наследство, да му ги изнесеме нашите аргументи за задржување на автентичноста на ГТЦ. Ние како Граѓанска иницијатива веќе се реактивиравме во овој период преку социјалните мрежи, но подготвуваме и нова кампања за задржување на автентичноста на ГТЦ, изјави недоамна  за Фактор архитектот Даница Павловска од Граѓанската иницијатива за ГТЦ. Над 95 илјади евра за консултантска куќа Минатиот месец министерството за транспорт и врски ја избра консултантската куќа што ќе треба да изготви физибилити – студија за да се утврди колкав е интересот од потенцијални инвеститори за вложување во реконструкција и надградба на Градскиот трговски центар. Документот треба да ја утврди исплатливоста на најавеното вложување во „барокизација“ на еден од најпознатите објекти во Скопје. На тендерот учествувале две компании, а за најповолен понудувач е прогласен „Грант Торнтон Консалтинг“. За изработка на физибилити студијата од буџетот се одвоија над 95.000 евра. Студијата треба да биде готова за една година, а потоа ќе биде ќе се донесе одлука дали ќе се пристапи кон изведба на проектот за рефасадирање на трговскиот центар. Условите во јавното-приватно партнерство ќе ги прецизира консултантската куќа, но една од можностите е приватниот партнер бидејќи ќе вложи средства, за возврат  ќе може да стопанисува 25 години со  новиот,  трет кат  кој ќе има површина од 12 илјади квадратни метри. ГТЦ сега е акционерско друштво, а со 97% од капиталот државата преку претпријатието за станбен и деловен простор е мнозински сопственик. Во меѓувреме архитектонското биро “Архитектоника“, го изработува основниот проект за реконструкција и надградба на ГТЦ, врз основа на идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според идејното решение на авторите, фасадата која гледа кон Собранието ќе биде неокласицистички стил со десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со неколку скулптури, куполи. И другите страни ќе добијат соодветни украси со бронзени или елементи со златно-жолта боја.Се предвидува целосно затворање на трговскиот по принципот на моловите и надградба со уште еден спрат. Сегашниот објект ГТЦ е изграден според идејното решение на познатиот професор и архитект Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1973 година. Поповски во својата кариера учествувал на 23 конкурси на подрачјето на поранешна СФРЈ и во други странски земји, на кои освоил повеќе награди и признанија. Напишал многу студии, расправи и написи во стручни списанија и во дневниот печат. Тој даде посебен придонес во афирмацијата на нашата земја со своите текстови „Град кој беше во игра“, објавен во стручното списание на Сојузот на архитектите на Германија и со „Архитектурата во Македонија од почетокот до модерното доба“, отпечатен во 34-томната енциклопедија на „Дикшнари оф арт“ од Лондон. Добитник на „Борбина плакета“ и на националната награда „11 Октомври“, за проектот за Градскиот трговски центар, како и наградата Андреја Дамјанов во 2002 година. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села