01 Ноември, 2024
0.0304

РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА БИ СЕ ОДРЖАЛ НАПРОЛЕТ, А ИДЕАЛНО БИ БИЛО ЗАЕДНО СО ИЗБОРИТЕ - Мицкоски вели дека тој договор е „дрвото на отровот“

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Договорот со Бугарија е всушност „дрвото на отровот“, и тој треба да се напушти и да се пресече, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Тој денеска на брифинг со новинарите беше дециден дека се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија не е против тоа Бугарите да влезат во Уставот како дел од народ, но вели дека ако тие ги поддржат уставните измени, ќе продолжи уценувачката политика на Бугарија кон земјава, а која произлегува од Договорот од 2017 година, кој, како што рече, е асимилаторски и треба да се напушти. 

„Немаме ништо против Бугарите да бидат дел од Уставот, но, со што Бугарија покажа дека е добар сосед“, нагласи тој, потенцирајќуи дека Бугарите упорно тврдат дека „не постои македонскиот јазик и Македонците“.

Со оглед што Договорот за пријателство датира од 2017 година, Мицкоски беше прашан и зошто референдум за тој договор не се барал тогаш, на што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека сега тој Договор, кој е отровно дрво, почнал да ги дава своите отровни плодови. 

Мицкоски смета дека не се сериозни прашањата од типот зошто неговите пратеници не ги поддржат уставните измени, ако, како што вели, нема проблем Бугарите да бидат дел од Уставот, и во услови кога на тој начин би ги разбиле аргументите на сите кои велат дека тие „не се европска партија“.

Инаку, како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ синоќа го објави референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“. 

Мицкоски информираше дека потписите ќе почнат да се собираат утре напладне, а први на листите ќе бидат потпишани пратениците од ВМРО ДПМНЕ. За да се одржи референдум треба да се соберат 150.000 потписи и да помине собраниската процедура.

Мицкоски не очекува власта да прави опструкции во Собранието, и очекува дека во законодавниот дом ќе помине иницијативата за референдумско изјаснување. 

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, само референдум со 910.000 гласа „за“ ќе се смета за успешен, но ја спомена и бројката од 600 до 700 илјади граѓани кои доколку се изјаснат против договорот, тоа би била доволно изразена воља на граѓаните. 

Инаку, со сите потребни процедури, како што рече Мицкоски, референдумот би се одржал некаде напролет, а на забелешката од новинарите дека тогаш треба да има ибори, рече дека „би било идеално референдумот да се организира на исти ден со изборите“.

Мицкоски смета дека во земјава треба да настане едно семакедонско обединување против Договорот за пријателство со Бугарија, и така ќе му се кажело „не“ на антимакедонскиот СДСМ.

Новинарите имаа забелешка дека не може да се прогласат за антимакедонски настроени сите партии и граѓани кои сметаат дека треба да се продолжи сегашниот модел на патот кон ЕУ, и оние кои сметаат дека можеби е подобро да се поддржат уставните измени, и затоа му сугерираа дека ВМРО-ДПМНЕ не би смееле да ја водат кампањата на обвинување за „антимакедонство“. Мицкоски на ова рече дека ќе го земе предвид ваквото размислување. 

А, за да успее референдумот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тој апелира и бара поддршка за македонскиот народ од нивните соседи Албанци, Роми, Турци…

„Ова е најголемиот тест за македонскиот народ во поновата историја“, рече тој.

Мицкоски го повтори ставот дека со Договорот за пријателство со Бугарија е нападнат македонскиот идентитет и дека нашиот напредок во преговорите со ЕУ ќе зависи од преговорите на историската комисија.

Инаку, доколку референдумот успее, Мицкоски смета дека следната процедура треба да биде нашето МНР да ја извести Бугарија дека го напуштаме Договорот, а посчле една година би престанале за нас правните дејствија од тој Договор. Дека тоа може да се изведе, го увериле многу експерти и професори по меѓународно право. 

А, тој потоа не ја исклучува можноста земјава повторно да седне и да преговара со Бугарија за склучување на нов договор, кој нема да се темели на асимилаторска политика од бугарска страна како што се прави со сегашниот договор. Но, нема прецизно објаснување како тоа би се извело, имајќи ги предвид добро познатите ставови на сите бугарски политичари. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување