Реформите во Велика Британија, засега без резултат
Објавено во: Анализа 04 Март, 2013 09:20
Сепак податоците кои доаѓаат од островот кажуваат дека политики не се спроведуваат баш на најдобар начин. Примарниот дефицит во буџетот изнесува 4,3% од БДП, што е доста високо ниво дури и ако споредиме со други земји во Унијата кои не спроведуваат така тешки мерки на штедење. Друга пострашна работа е тоа што и покрај падот на вредноста на фунтата спрема голем број на светски валути дефицитот на тековната сметка изнесува 3,1% од БДП. Ова веќе делува доста загрижувачки и покажува дека мерките не се такви како што треба да бидат или дека не даваат никаков резултат.
И покрај сите реформи јавната потрошувачка расте, производството се намалува и како резултат на таквата ситуација, паѓа и продуктивноста. Периферните економии како Шпанија и Грција конечно почнуваат да бележат позитивни резултати на поле на продуктивноста, додека Британија постојано покажува влошени бројки. За 2012 Британците имаат 0% раст на БДП, додека за 2013 се предвидуваат скромни 0,9%.
Намалената продуктивност е коренот на проблемите на оваа некогаш голема светска економска сила. Како што кажавме на почетокот намалувањето на кредитниот рејтинг на САД не предизвика продавање на обврзниците, но во Британија сега постои страв дали лошите фундаменти на економијата ќе ги потикнат инвеститорите на посилно продавање на британските обрвзници и на тој начин економијата да биде дополнително нарушена. Централната Банка реагира слично како ФЕД во САД и се надева дека конечно бројките ќе се променат на подобро, но засега минималниот раст е нешто на кое најмногу што може да се надеваат. Британија сепак нема преголеми отпуштања и има релативно ниска стапка на невработеност од 8%, доколку успеат со ваква политика да ја одржат би било одлично. Сепак проблемите не може долго време да се кријат под тепих.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





