Регионална анкета: 29 отсто од Македонците сметаат дека во вакцината против Ковид-19 има чип
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020
Според извештајот од регионалната анкета на Глобсек спроведена во девет земји од Источна Европа, повеќе од една третина од испитаниците веруваат во конспиративни теории поврзани со КОВИД-19. Конспиративните теории имаат најголемо влијание во земјите од Западен Балкан.
Во Македонија дури 29 отсто од испитаниците веруваат во теориите на заговор, односно дека при вакцинацијата ќе им биде вграден чип. Истражувањето утврдило дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 се зголемува со зголемување на довербата во јавните институции.
„Овие резултати покажуваат колку е инструментално доброто владеење и довербата во јавните и државните институции, особено во време на криза. Јавните институции треба да ги засилат нивните напори за стратешка комуникација и да направат сè што е во нивна можност да ја зголемат општествената доверба веднаш.“, велки Мирослава Савирис од Глобсек.
Анкетирањето е направено телефонски со репрезентативен примерок од најмалку 1000 испитаници од девет држави – Северна Македонија,Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија и Словачка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.