16 Јануари, 2025
0.0261

Регионална соработка меѓу судиите кои работат во областа на правото на бегалците

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на TAIEX инструментот за техничка помош и размена на информации при Европската Комисија организираше регионална конференција на тема „Азил и миграција“.

Учествуваа судии од Македонија, Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија кои работат предмети од областа на правото на бегалците, како и претставници од правосудните академии, од Одделението за азил при македонското Министерство за внатрешни работи, Канцеларијата на Народниот правобранител и од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје. Канцеларијата на TAIEX обезбеди присуство и на врвни предавачи.

Како што информира Академијата за судии и јавни обвинители, преку размена на искуства би се унапредиле знаењата на практичарите, но и на управните органи кои во прв степен решаваат во предметите за бегалското право и на барателите на азил, како и при решавањето на овие предмети да се применуваат најновите меѓународни стандарди.

Конференцијата е од исклучителна важност за проширување на меѓународната соработка на македонското управно судство со цел постигнување координација меѓу државите за подобрување на обуката од оваа област.

Ја отворија директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Виолета Јанковска, како и претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Презентирани се генералните аспкети на правото на бегалците на секоја од земјите учесници, а претставниците на правосудните академии презентираа обуки поврзани со правото на азил и миграција. Се идентификуваа најдобрите практики за судиите во контекст на правото на бегалците, празнините во праксата и заедничките потреби за зајакнување на капацитетите, како и зајакнувањето на регионалната судска соработка во областа на правото на бегалците и подобрување на обуките од оваа област.

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE