05 Декември, 2025
0.1144

РЕГИОНОТ НА НОЗЕ: Се проверуваат лимоните увезени од Турција!

Објавено во: Агробизнис 04 Ноември, 2014 12:38

Добивај вести на Viber

Паника во целиот регион предизвика информацијата дека лимоните увезени од Турција се отровни заради прскање со фунгициди. Вонредни контроли на лимоните најавија Србија, Црна Гора, Хрватска... Продавачите велат дека продажбата им е значително намалена по веста дека лимоните биле прскани со пестицидот имазалил. Потврдуваат дека на пазарите е невозможно да се најде лимон кој не е третиран со овој препарат. Иако првичните информации беа дека отровни се само лимоните од Турција, сепак истата опасност демне и кај оние од Грција или Аргентина, објаснија српските власти, според кои отровот се задржува во кората на лимонот. „Спорниот пестицид е дозволен за користење, а се прска кората за на неа да не се развие нешто и подолго време да остане свежа. Имазалилот воглавно се задржува во кората, а обврска е при продажбата да се истакне дека кората не треба да се користи во исхраната. Ова не е нешто ново и одамна лимонот, мандарините и портокалите се прскаат со овој пестицид. Тој не е во групата на силно отровни супстанции и нема да се случи ништо акутно ако го внесете“, вели Весна Пантиќ Палибрк од белградската Единица за контрола на безбедноста на храната. Таа сепак потенцира дека зачестена употреба на кората од лимонот го зголемува ризикот од рак. Лимонот увезен од Турција на дополнителни анализи го испрати и Црна Гора. Резултатите од испитувањето ќе бидат познати за неколку дена. Засилени контроли вчера најави и македонската Агенција за храна и ветеринарство, иако се обрати со смирувачко соопштение до јавноста со тврдење дека лимоните на македонскиот пазар се безбедни. „Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми. По изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет“, се наведува во соопштението. Трговците сепак нагласуваат дека пониската цена на лимонот во овој период од годината не е заради неговата отровност, туку е резултат на односот меѓу понудата и побарувачката. Цената во август беше исклучително висока заради недоволната понуда на лимони на пазарот, а сега е речиси преполовена, но е нормална за овој период од годината, велат тие.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?