Регистриран е и трет послаб земјотрес
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2021
Во земјава ноќеска имало три земјотреси, од кои последниот бил послаб.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 километри југозападно од Скопje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда од 3.2 додека третиот со магнитуда од 2.4 степени.
Населението во Маврово го почувствувало двата земјотреси со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, додека третиот земјотрес е почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени. Минатата недела имаше неколку земјотреси во западниот дел на Македонија. Во соседството, утрово имало земјотрес во Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.