Регистриран заразен со Ковид 19 во Тетово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020
Заразен со Ковид 19 е регистриран и во Тетово.
Човекот бил на клиниката во Козле, по што е упатен на Инфективната клиника во Скопје.
Контактирани се сите лекари кои биле во контакт со него, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Засега тие луѓе немаат симптоми, а тоа се 14 здравствени работници и други 4 лица.
„Сите луѓе се анализирани, пристапено е на 10-тина члена на семејството“, вели министерот.
Во Македонија засега има 201 заразен, три починати, и тројца излекувани.