Реглинг: Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2013
Трет пакет финансиска помош во 2014-та ќе биде потребен за Грција, изјави директорот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Според Реглинг Атина нема да може сама да обезбеди пари во 2014 година за пополнување на буџетските дупки, поради што ќе има потреба од нов пакет финансиска помош. Одлуката за тоа треба да ја донесат министрите за финансии од еврозоната, нагласи тој.