РЕГУЛАТОРНА ДЕНЕСКА ЈА РАЗГЛЕДУВА ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА НА БЕГ, енигмата кој ќе обезбеди парно за скопјани останува

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2022 08:48
Регулаторна комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ќе ја разгледува одлуката за престанок на важеноста на лиценцата за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија.
Очекувањата се дека ќе се укине лиценцата на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје за производство на тополинска енергија, и тоа на барање на носителот, односно на БЕГ.
- Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје на 9 јуни 2022 година до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање за престанок на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија. Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е носител на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со датум на важење до 31.12.2047 година – се наведува во соопштението објавено на веб страната на РКЕ.
Регулаторите појаснуваат дека Друштвото бара престанок на лиценцата „поради невозможност за негово понатамошно нормално функционирање, негова кредитна неспособност и неможност да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона, како резултат на: загуба остварена во периодот 01.01-30.04.2022 година која драстично ја нарушила ликвидноста на Друштвото и способноста да продолжи да работи во ек на енергетска криза при што Друштвото е со нарушена ликвидност“.
Меѓу причините за престанок на важењето на лиценцата на БЕГ, од РКЕ наведуваат и „правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против Друштвото, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, спорење на валидноста на договорот за закуп на основни средства итн“.
Уште една причина за одземање на лиценцата „се активности преземени од страна на РКЕ за одземање на лиценца за регулирано производство на топлинска енергија во рамки на кои на 20.05.2022 година беше одржана подготвителна седница за носење на одлука за отпочнување на постапка за одземање на лиценцата на Друштвото, по што Друштвото се согласило, во интерес на дејноста која се соочува со енергетска криза, да не ја отежнува постапката и да го поднесе ова Барање“.
Деновиве и првиот човек на РКЕ посочи дека најверојатно ќе бидат одземени лиценците на БЕГ за снабдување на скопјани со парно.
- Сите можат да се сетат како беше во зимските месеци, имаше одредени проблеми кои се надминаа со помош на Владата за да се ублажи цената за топлинска енергија. Ние во изминатиов период бевме во комуникација со трите компании на БЕГ и поради веќе почнатата постапка за одземање на лиценца за БЕГ производство, веќе и од БЕГ се свесни дека имаат сериозни проблеми во однос на обезбедувањето на природниот гас. Од тие причини РКЕ во тековниот период ќе донесе одлуки со која ќе се одземат трите лиценци на БЕГ производство, БЕГ дистрибуција и БЕГ снабдување и притоа се разбравме со компаниите џентлментски дека ние одредени постапки ќе прекинеме, а тие ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци, со една цел, да нема ниедна оштетена страна. Треба да бидеме целосно подготвени за следната грејна сезона - потенцираше Бислимоски.
Сепак, се уште не се знае кој ќе ги замени БЕГ и кој ќе управува со испораката на топлинска енергија во главниот град. На оваа тема зборуваше и министерот за економија Крешник Бектеши, кој посочи оти ќе се бара приватна компанија која ќе управува со топлинската енергија во Скопје.
- Прво ми е жал што град Скопје веќе има формирано таква компанија која треба да се занимава со ова. Тоа е обврска на градот Скопје во случајов. Ако се вратиме назад кога имаше дебата во јавноста, токму градот Скопје и Арсовска кажуваа дека немаат можност оти БЕГ има лиценци. Сега испаѓа дека немале капацитет или не знаат да го менаџираат. Ние нема да ги оставиме скопјани со такви институции. Ќе објавиме јавен повик откако ќе добиеме официјално од РКЕ дека се одземени лиценците. Ако не, ќе одлучиме преку ЕСМ, како што направивме оваа зима, да го менаџира делот со топлинска енергија - рече Бектеши.
Од РКЕ објаснуваат дека на денешната седница ќе се разгледуваат причините за одземање на лиценцата, но дефинитивна одлука ќе биде донесена најверојатно наредната недела на главна седница.
Петранка Огнаноска
Можеби ќе ве интересира
МИНИСТЕР НА ТРАМП РЕЧЕ ДЕКА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“ НИКОГАШ НЕМА ДА ПАДНАТ ПОД 235 ДОЛАРИ. НО ПАДНАА - еве што ја мачи компанијата и зошто во прашање е и Маск

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални
„КУПЕТЕ ЕНЕРГИЈА ОД 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЌЕ ДОБИЕТЕ ТАРИФНИ ОЛЕСНУВАЊА“: Трамп ја отфрли понудата на ЕУ

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ - еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра

Маркетите ги подготвуваат ценовниците за објавување, ќе бараме попусти на нивните интернет страници

НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование
