17 Декември, 2025
0.0757

БИСЛИМОВСКИ: СО БЕГ ЏЕНТЛМЕНСКИ ГИ НАДМИНАВМЕ СИТЕ ПРОБЛЕМИ, Владата мора да распише тендер за нов производител на топлинска енергија

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 06:53

Добивај вести на Viber

РКЕ пред скоро еден месец веќе започна постапка за одземање на лиценцата на БЕГ производство и тврдам дека нема никаква поврзаност во однос на поднесените барања за определување за цената за топлинска енергија, изјави синоќа во Тема на денот на Сител претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

За ситуацијата со БЕГ Бислимоски накратко нагласи дека со сила убавина не бидува. 

-Сите можат да се сетат како беше во зимските месеци, имаше одредени проблеми кои се надминаа со помош на Владата за да се ублажи цената за топлинска енергија. Ние во изминатиов период бевме во комуникација со трите компании на БЕГ и поради веќе почнатата постапка за одземање на лиценца за БЕГ производство, веќе и од БЕГ се свесни дека имаат сериозни проблеми во однос на обезбедувањето на природниот гас. Од тие причини РКЕ во тековниот период ќе донесе одлуки со која ќе се одземат трите лиценци на БЕГ производство, БЕГ дистрибуција и БЕГ снабдување и притоа се разбравме со компаниите џентлментски дека ние одредени постапки ќе прекинеме а тие ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци со една цел да нема ниедна оштетена страна. Треба да бидеме целосно подготвени за следната грејна сезона, потенцираше Бислимоски.

На прашање дали од БЕГ прекршиле некаков закон Бислимоски одговори дека во рамките на џентлментскиот договор со БЕГ сите проблеми кои што можеле да настанат се разрешени спогодбено. 

Тој додаде дека отпосле Владата мора да распише тендер на кој што ќе се избере нов вршител на дејноста производство на топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас