Boggi Milano пролет-лето 2017
РЕИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 14:43
Кампањата на Boggi Milano за оваа сезона се фокусира на генерациите и наследството кое го оставаат зад себе. Стилот од минатото го задоволува концептот на елеганцијата и истиот се обновува и реинтерпретира според потребите на новите генерации. Користењето на современи материјали е прикажано преку екслузивни и модернизирани комбинации. Новата Boggi колекција претставува линија од уникатни и безвременски парчиња во кои секој маж може да се пронајде себеси.
THAT’S
GREY


Во
градскиот метеж, опкружени со илјадници рингтонови, гласови и видео-бимови, се
стремиме да го одбегнеме униформираниот изглед. Фундаментален дел од облеката за летната
сезона е синиот блејзер- класично и модерно парче, кое воедно е удобно и лесно,
а се комбинира со различни модни додатоци. Стилски и разновиден, идеален за
долги и динамични денови.
DUSTY BLUE

DEEP INTO THE BLUE
Кошули од лен со принт во комбинација со сини шорцови
и палта. Инспирација за оваа линија се морето и боите на медитеранските и
северно-африканските острови. Свежина, оригиналност и микс на различни тонови.
Колекција која е идеална за крстарење и вечери поминати покрај плажа.

BLACKFIT

Повеќенаменско одело

Церемонијални и специјални евенти
Формална гардероба има свои правила, но вистинската елеганција доаѓа во совршеното балансирање на природноста, карактерноста и едноставноста. Стилот, материјалите, кројот, па дури и копчињата се оставени во рацете на Boggi мајсторите во кроењето. Линија исполнета со нови и софистицирани нијанси на сино, одела составени од 3 парчиња за поелегантен изглед, но во нежни и светли тонови. Ексклузивни детали и уникатни додатоци кои ќе го истакнат карактерот на вашето одело.
ADVANCED TRAVEL

CLASSICS RELOADED
Уникатни и оригинални со „винтиџ“ изглед. Лежерна облека која е пријатна и мека на допир, креирана со суптилна класична букле шара и геометриски линии. Материјалот на палтото дава рафинирана привлечност и класична елеганција, а притоа останува современ и модерен.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




