Добивај вести на Viber
Задоцнета жетва, пониски приноси и поголем увоз на пченица, вакви последици се очекуваат од поплавите што ја зафатија Македонија. Агроекспертите укажуваат дека годинешната реколта од пченица ќе биде една од најлошите. Поплавите нјаголем удар нанесоа во најголемата житница Пелеагонија, а сегашните лоши временски услови не дозволуваат да се спаси и она малку што останало. Поради врнежите и големото присутво на вода во почвата не можат ниту да се извршат тековните земјоделски активности, како што е прихраната и прескањето на житото, не само во Пелагонија туку и во другите региони од земјава каде што има големи површини со жита.
-Состојбата е многу лоша, сегашните врмененски услови не дозволуваат убаво да поникне житото, шететит се големи. Сега правиме напори ако можеме барем да влеземе во нивите за да извршиме прихрана и прксање за да може колку толку нешто да се спаси од приносите. Секако дека ќе имаме намалени приноси, за квалитетот рано е да се каже, но сакам да потенцирам дека ние користиме квалитиени сорти на пченица, како што се користат и во регинот односно и во оние земји од акде што се увезува пченица. Ова че биде тешка година за нас, но состојбата не е од годинава туку уште од лани. Освен поради поплавите, годинава ќе имаме намалено производство и поради тоа што есенската седиба лани не се реализираше во целост односно многу површини останаа непосеани. Ако до Велигден не се подобри времето, ќе биде многу тешко. Ќе биде добро ако оствариме производство барем 60 проценти од ланското производство,
вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.
Агробизнисмените велат во другите региони од земјава, поплавите не нанесоа толку големи штети како во Пелагонија, но таму сега проблемот е прихраната, која што е важна во овој период за добра вегетација. А токму од овие региони како што е овчеполскиот и повардарскиот регион се очекува да се добие поголемо производство.
-Досега ваква година не сме имале, состојбата е повеќе од катастрофална. Вегетацијата доцни, односно сега требаше да биде во напредна фаза. Поплавите во овие региони не предизвикаа толку големи штети, освен во Кочански каде што има уништени посеви, но сега проблемот е прихраната и прскањето. Тоа е веажно за да се заштити растинието од болести кои сега имаат идеална подлога за појава, што доколку се случи тоа дополниотелно ќе ја влоши состојбата. Еве веќе јачменот има појава на болести. Очекуваме намалени приноси и најверојатно ќе доцни и жетвата,
вели Огнен Оровчанец, сосптвеник на “Агроунија”.
Штетите во земјоделството се проценуваат на 25 милиони евра, а околу 60 отсто се штети врз земјоделските посеви. Владата најави дека обештетувањето за земјоделците кои претрпеле штети од зземјоделството ќе биде 100 процентно. Ќе се побара помош и од Брисел.
-Добро е што земјоделците ќе бидат обештетини, секоја сума е добредојдена, но тоа е за да ги амортизираат штетите, оваа година ако го гледаме родот е комлетно загубена. Се доцни и со есенската сеидба, роковите веќе се пробиени, сега требаше да се сее пролетен јачмен, сончоглед, овоес, можеби со пченката ќе се стигне бидејќи таа е со кратка вегетација, вели Оровчанец
Помало производство , поголем одлив на пари за увоз на пченица
Од мелничко-пекарската индустрија велат дека ја следат состојбата не само во земјава туку и во регионот од акде што се увезува пченица. Очекуваат дека годинава поради намаленото производство ќе треба да увезат поголеми количества пченица. Дополнителниот увоз ќе и зголемен одлив на пари.
-Ние сочуствуваме со земјоделците, бидејќи сега тие се во најкритична состојба. Ние како мелничко-пекарска индустрија поради намаленото производство за да можеме да работиме ќе мора да увеземе оти повеќе од сигурно е дека ќе има недостиг на домашна пченица. Секако ќе гледаме да увеземе поевтина пченица со цел да нема ценовни шокови со крајните производи, лебот и брашното. Домашните потреби за пченица се околу 300.000 тони, вообичаено половина е од македонското производство а остатокот од увоз. Годинава тој увоз ќе биде поголем.Засега не знаеме што ќе се случи со производството на пченица во земјите од каде што увезуваме. Во делот на откупната цена сеуште е рано да се зборува, но таа е диктирана од берзите, од земјите во опкружувањето,
вели Николчо Ѓорѓиев, претседател на Групација на мелничко-пекарска индустрија при Стопанска комора на Македонија
Во однос на годинешната откупна цена на пченицата, земјоделците велат дека ќе побраат од министерството за земјоделство да ја врати мерката увозот на пченица и брашно да биде врзан со откупот на домашната пченица.
-Иако можеби е рано да се зборува за откупната цена на пченицата, поради сегашните случувања ние ќе побараме да се врати мерката-увозот на пченица и брашно да биде врзан со откупот на домашната пченица. Ние на мелничарите не им веруваме многу, едно ќе се договориме потоа тие се откажуваат од договореното, затоа мислам дека најдобро е годинава да се врати таа мерка, вели Тантаров.
Во годините наназад, површините со пченица од 2006 година досега постојано се намалуваат.Така според статистичките податоци производството на пченица во 2006 година имало 293.326 тони, што значи дека речиси сме ги покривале домашните потреби. Во 2013 година производството е намалено на 258.960 тони со просечни приноси од 3.198 килограми по хектар. За увоз на жита и житни преработки во 2013-та година се потрошиле над 73 илјади евра.
НБРМ: Годинава повисоки цени на житата
Според најновиот мартовски извештај на Народната банка на Македоноја, годинава се очекуваат повисоки цени на житата на берзите.
Во 2015 година сега се очекуваат повисоки цени на житните култури изразени во евра, споредено со октомвриските проекции. И покрај високите залихи на крајот на 2014 година и поволните изгледи за овогодишната жетва, тековните оцени упатуваат на раст на цените на пченицата и пченката, наспроти проектираниот пад во октомври. Во отсуство на поголеми промени кај фундаменталните фактори, главно се објаснува со промените на курсот на САД-доларот во однос на еврото, се посочува во извештајот на НБРМ.
Моментално цената на оченицата на берза се движи од 150 до 170 евра за тон. Според прогнозите на НБРМ во 2016 година ќе продолжи тренодт на пораст на цената на пченицата што беше посочено и во октомвриската проекција, додека кај цената на пченката е извршена умерена надолна ревизија на очекуваниот пораст.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: