РЕКОРД: Дури 20.000 заболени од коронавирусот во еден ден
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Дури 20.000 инфицирани со коронавирусот има за еден ден во Индија.
Ова е рекордна бројка во оваа земја.
Сега вкупниот број заразаени со новиот вирус во Индија се искачи на 528.859 лица, а има 16.905 починати.
Втората најбројна држава на светот е на четвртото место според бројот на заразените, зад САД, Бразил и Русија.
Неколку индистриски градови се нови жаришта како Мумбаи, Делхи и Ченаи. Најпогодена е државата Махараштра и нејзината престолнина Мумбаи. Премиерот на оваа сојузна држава Удав Ткалераи во неделата најави дека делумниот карантин ќе продолжи, но и постепено ќе биде ублажуван за да се овозможи враќање на стопанските активности.
Во државата Махараштра во неделата почнаа да се отвораат фризерските салони и берберниците, со безбедносни мерки кои се на сила.
Од граѓаните се бара да се задржуваат во област на 2 километари од местото на живеење.
Излегувањето надвор од овој радиус е дозволен само за одење на работа или за лекување.
Во светот има најмалку 10 милиони заразени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.