Рекорден број учесници, Кенијците најбрзи на Скопскиот маратон
Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2013 20:55
Атлетичарите со потекло од Кенија, Вајклиф Кипкори Бивот во машка и Каролин Кипруто во женска конкуренција беа најбрзи на Скопскиот маратон 2013, што денеска се одржа по 9-ти пат. Годинава на четирите трки учествуваа рекордни 4.900 натпреварувачи од 36 земји од сите континенти.
Маратонската патека од 42 километри и 195 метри, Кениецот Бивот ја истрча за 2 часа, 21 минута и 56 секунди што е нов рекорд на патеката, односнио за две минути подобар од претходниот. Рекорд беше поставен и во женска конкуренција, а Кипруто трчаше со време од 2 часа, 48 минути и 49 секунди.
Ристе Лазаров во машка, и Весна Кираџиева во женска конкуренција го освоија македонското државно првенство
„ Докажавме дека Скопски Маратон е гордост на Скопје и Македонија, препознатлив бренд и спортска атракција со учесници и публика од цел свет. Очекуваме овој спортски македонски бренд да добие уште поголема подршка од институциите и партнерите за во наредните години да се доближиме по бројот на учесници со големите европски маратони“ , изјави Кире Синадиновски, директорот на Скопски Маратон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





